Утрински Весник
Македонија

Приведени двајца мажи, пронајдени кокаин и марихуана

843075064 1501535198481978 5956931807321699214 n.jpg

Вчера (10.10.2026) во 22:30 часот, во Градскиот трговски центар во Тетово, полициски службеници од Мобилната единица „Таск Форс“ го лишиле од слобода Т.С.(29) од Тетово, поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик. При преглед кај него била пронајдена најлонска ќеса со кокаин.

Исто така, денеска (11.10.2026) во 00:10 часот, во Гостивар, полициски службеници од Мобилната единица „Таск Форс“ го лишиле од слобода Л.М.(21) од Прилеп, со престој во Гостивар. При преглед кај него биле пронајдени најлонска ќеса со кокаин и фолија со зелена марихуана.


Двете лица се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Можете да прочитате

Опожарени три возила во Скопје

За случајот со натепаните момчиња, поведена е постапка и шест полицајци ќе бидат суспендирани, информира МВР

Охриѓанец почина откако му се превртело кануто