Утрински Весник
Свет

Турција испрати предлог за безбедни поморски рути за руските и украинските бродови

Czrno more.webp.webp

Турција им испрати на Русија и на Украина документ со предлог за мораториум со кој би се гарантирала безбедноста на трговските бродови во Црното Море преку воспоставување две одделни поморски рути за пристап до Босфорот, објави турскиот весник „Милијет“.

„Документот што го предложи Турција предвидува рута за украинските бродови, по која тие би можеле да стигнат до Босфорот преку водите на Романија и Бугарија, додека за руските бродови е предвидена безбедна рута низ водите на Грузија и Турција“, пишува весникот.


Според написот, Украина бара ограничувања за производи со двојна намена, како што е железната руда што ја превезуваат бродовите.

Турција повеќепати изрази загриженост поради нападите врз цивилни и трговски бродови во Црното Море. Ставот на Анкара е дека војната не треба да се проширува ниту да се пренесува во оваа област. Поради тоа, уште кон крајот на август турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан соопшти дека Анкара подготвува документ сличен на договорот за извоз на жито, кој ќе им биде доставен и на Русија и на Украина.

Според податоците на „Милијет“, од почетокот на годинава досега биле нападнати 70 бродови, од кои 51 се поврзани со Турција.

Весникот потсетува дека некои африкански земји се соочуваат со недостиг од храна и глад поради проблемите со транспортот на жито.

Можете да прочитате

Русија нападнаа три товарни брода во и околу три украински пристаништа на Црното Море

Путин: Земјите од ЗНД поддржуваат праведен мултиполарен светски поредок заснован на меѓународното право

Голем танкер за превоз на течен нафтен гас погоден и запален јужно од Ормуз