Утрински Весник
Скопје

Во Булачани, Раштак, Брњарци и Виниче водата била неисправна и небезбедна за пиење, а Општина Гази Баба не ги известила жителите

Levica.jpg

Соопштение на Левица:

Советничката од Левица, Маја Никодиновска, на последната седница на Советот на Општина Гази Баба побара одговор од градоначалникот и директорот на ЈКП „Гази Баба” зошто од граѓаните се криела информацијата за сериозно нарушениот квалитет на водата за пиење во повеќе населени места.


Никодиновска посочи дека од добиената документација за испитувањата на водата произлегуваат алармантни резултати – во водата е утврдена висока концентрација на ешерихија коли. Таа праша зошто жителите на Булачани, Раштак, Брњарци и Виниче не биле навремено ни информирани дека водата што ја пијат е микробиолошки неисправна.

Советничката дополнително реагираше што Иницијативата на советничката група на Левица за јавно објавување на сите испитувања на квалитетот на водата на веб-страниците на Општина Гази Баба и ЈКП „Гази Баба” воопшто не беше ставена на дневен ред.

„Овие документи јас не ги добив по нелегален пат. Ова се оригинални документи со архивски броеви, официјално добиени од вас по пат на Барање за информации од јавен карактер доставено по загадувањето на водата во Гостивар”, потенцираше Никодиновска, посочувајќи дека Општината ги поседувала испитувањата и информациите, но граѓаните не ги добиле.

Ова е дел од дискусиите што ѝ претходеа на подоцнежната закана за ликвидација од страна на градоначалникот-силеџија Бобан Стефковски кон Никодиновска. Наместо да одговараат за квалитетот на водата и за одлуките на Општината, власта се обиде да го замолчи гласот на советничката која бараше одговорност.

Можете да прочитате

Во текот на септември подигнати и транспортирани 14 320 тони комунален отпад

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Левица го засилува фронтот во изборна единица 1 – против бетонизацијата, загадувањето, узурпацијата на јавниот простор и недомаќинското трошење пари