Утрински Весник
Македонија

Полицијата уапси 12 возачи во последните 24 часа

Liseni od sloboda dve lica vo skopje vo vozilo pronajdeni okolu 90 pratki stoka bez soodvetna dokumentacija vozacot upravuval bez vozacka dozvola image.jpg

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило.

Од нив, осуммина управувале возило без положен возачки испит и тоа: М.Љ.(40), А.Ш.(22) и Ј.Б.(30) сите од Скопје,  И.Р.(24) од с.Света Петка, скопско, А.Р.(23) од с.Беловиште, гостиварско, С.А.(35) од с.Мелница, велешко и Н.М.(28) од с.Зрновци, кочанско и 17-годишник од село во Општина Градско. 


Под дејство на алкохол управувале две лица и тоа: Н.П.(29) од Куманово и М.Н.(19) од Скопје. Додека пак, со забрана за управување со моторно возило управувале С.Н. (37) од Кичево и Р.Х.(37) од с.Рашче, скопско. 

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. 

Можете да прочитате

Тошковски на „Мото Илинден урбан драјв“: Безбедноста мора да биде пред адреналинот – наскоро „Безбеден град“ ќе може да препознава и неносење кацига

Мицкоски: Преносот на останките на Цар Самоил го коментирам преку Бледскиот договор, со кој во Скопје беа донесени посмртните останки на Гоце Делчев

Министерот Мисајловски на отворањето на централниот Меморијален турнир во чест на загинатите бранители