Утрински Весник
Македонија

Хаос во казино во Кисела Вода: Две лица напаѓале гости и вработени, кршеле инвентар и прскале со ПП апарати

Kazino.jpg

На 28.09.2026 во 02:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека во казино на подрачјето на Кисела Вода, две лица ги вознемирувале гостите во објектот, а едниот од нив фрлил мобилен телефон кон едно женско лице, но не ја погодил.

Исто така, според пријавеното, лицата оштетиле дел од инвентарот и активирале противпожарни апарати, при што неколку лица – гости и вработени, поради проблеми со дишењето биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


Можете да прочитате

Им ветувале брзи пари и луксузен живот: Млади од Скопје регрутирани за криминални групи во Србија

Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ

Почина уште еден пациент од западнонилска треска, бројот на жртви се искачи на 10