Утрински Весник
Балкан

Девет лица уапсени во Косово под сомнение за воени злосторства

Kosovo flag scaled 1.jpg

Девет лица се уапсени на северот во Косово под сомнение дека извршиле воени злосторства, јави приштинската телевизија Клан Косова.

Дирекцијата за истрага на воени злосторства, со поддршка на други специјализирани полициски единици, по наредба на Специјалното обвинителство на Косово, рано утрово спроведе операција под кодното име „Досие 23“ во општина Зубин Поток.


Полициската операција е поврзана со случајот познат како „Група интелектуалци“, додека Специјалното обвинителство и косовската полиција ќе ја информираат јавноста за дополнителни детали во врска со операцијата и преземените дејствија.

Кон крајот на јуни и почетокот на август, во близина на селата Мала Калудра и Јабука во општина Зубин Поток, беа извршени ископувања, а во таа прилика беа пронајдени и останките на 23 лица од таканаречената „Група интелектуалци“.

ДНК анализата на трите останки завршена во Хаг потврди дека станува збор за членови на „Групата интелектуалци“ кои исчезнаа на 19 април 1999 година.

Можете да прочитате

Вучиќ денеска поднесува оставка – 24info.mk

ЕК отвори пет постапки за прекршување против Бугарија во области од перење пари до енергетика

Светската банка одобри кредит од 658,8 милиони евра за поддршка на земјоделскиот и прехранбениот сектор во Турција