Утрински Весник
Македонија

Автобус излетал од патот кај Тетовско Стенче – бил празен, полицијата трага по возачот

Screenshot 2026 09 25 160322.jpg

Автобус денеска излетал од патот во близина на селото Стенче, Општина Брвеница, објави „Тетово Инфо“.

Според првичните и неофицијални информации, во моментот на незгодата автобусот бил празен и во него немало патници. Засега нема информации за повредени лица.


По излетувањето, автобусот останал надвор од коловозот, а возачот не бил затекнат на местото на настанот.

Од СВР Тетово информираат дека случајот првично не бил пријавен во полиција, но полициски службеници сепак излегле на терен откако добиле информации за настанот. Во тек е потрага по возачот, меѓу другото и поради оштетувањето на заштитната патна ограда – банкината.

Според неофицијалните информации, можно е да станува збор за општински автобус, но оваа информација засега не е официјално потврдена.

За среќа, автобусот бил без патници во моментот кога излетал од патот, со што била избегната можноста за потешки последици.

СВР Тетово презема мерки за целосно расчистување на случајот, утврдување на причините за излетувањето на автобусот и пронаоѓање на возачот.

Можете да прочитате

Муцунски на Глобалната платформа за регулаторни иновации: Технологијата напредува брзо, но одговорноста мора да остане човечка

Реформа или инерција – изборот повеќе не може да се одложува

Сашо Мијалков со демант: Немам ниту имот, ниту интерес во Барутана