Утрински Весник
Македонија

Косово го затвори Генералниот конзулат во Струга

Inaugurohet konsullatafoto1.jpg

Генералниот конзулат на Косово во Струга е официјално затворен, соопшти Амбасадата на Косово во Македонија. Одлуката е донесена во рамки на реорганизација и оптимизација на дипломатските и конзуларните ресурси на земјата.

Како што пренесува „Коха“, затворањето е спроведено врз основа на указ на претседателот на Косово и одлука на Министерството за надворешни работи и дијаспора.


„Врз основа на Указот бр. 150/2025 на претседателот на Република Косово и во спроведување на придружната Одлука бр. Ref 261/2026 на Министерството за надворешни работи и дијаспора, соопштуваме дека Генералниот конзулат на Република Косово во Струга, Република Северна Македонија, е затворен“, се наведува во соопштението.

Од дипломатската служба појаснуваат дека одлуката следува по извршена проценка на работата на конзуларната мисија. Целта, според образложението, е дипломатската структура да се усогласи со институционалните цели и актуелните потреби.

И покрај затворањето на Генералниот конзулат, Косово ќе продолжи да има присуство во Струга преку канцеларијата на почесниот конзул, кој ќе продолжи да ја врши својата надлежност во градот.

Конзуларните услуги за граѓаните на Косово на територијата на Македонија во иднина ќе ги обезбедува Амбасадата на Косово во Скопје.

Можете да прочитате

Црн чад се издига над Скопје, пожар во кругот на Железара

Цариниците спречија шверц на 200.000 евра на Табановце – парите скриени во торби, ранец и куфер

УЈП ги изготвува МПИН пресметките за паушалците