Утрински Весник
Свет

Вашингтон одобри продажба на опрема за воздушна одбрана на Украина

Patriot anti missile system.jpg

Американскиот Стејт департмент одобри евентуална продажба на ракети и опрема на Украина за зајакнување на нејзината воздушна одбрана, за проценети 2,68 милијарди долари (2,33 милијарди евра), според меморандум испратен во петокот вечерта до Конгресот.

Договорот вклучува ракети С-300 Клон и ГАМ-67, ласерски наведувани ракети за воздушна одбрана, мобилни лансери И-ТЕЛ 1.5 и радари против дронови RPS-202, како и резервни делови и техничка и логистичка поддршка.


Доколку продажбата се реализира, таа ќе биде финансирана од комбинација од европски придонеси и американско финансирање на странска војска (FMF) одобрено за време на администрацијата на поранешниот претседател Џозеф Бајден, се вели во соопштението на Стејт департментот.

Според Вашингтон, оваа опрема треба да ѝ обезбеди на Украина посилна воздушна одбрана.

Главните добавувачи ќе бидат избрани по тендер организиран од американската влада.

Стејт департментот прецизира дека оваа потенцијална продажба нема да влијае на оперативната подготвеност на американските сили.

Можете да прочитате

Нападнат рускиот систем за онлајн гласање на изборите

САД и Данска постигнаа договор за Гренланд по заканите на Трамп за анексија

Кризата во „Фолксваген“ се продлабочува: Трошоци од 10 милијарди евра и можни 50.000 откази