
Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека Варшава се придружила на антибалистичката ракетна коалиција предводена од Украина.
– Полска од денеска е дел од тој голем проект. Ги договоривме начините и рамките на таа соработка, објави Туск на платформата Икс.
Туск денеска присуствуваше на самит на нова регионална група од осум карпатски земји во западна Украина, инициран од украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Ќе бидам многу доследен тука. Никој нема да го промени моето мислење дека Полска мора да ја поддржи Украина во нејзината војна против руската агресија. Историјата не смее да нè раздели во однос на денешна Русија, посочи Туск.
– Зеленски ѝ се заблагодари на Полска за новата помош.


