
Во врска со објавено видео на социјалната мрежа „ТикТок“, на кое се гледа како непознато машко лице управува патничко моторно возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки по пешачката патека покрај реката Вардар, односно по несоодветна сообраќајна површина, од страна на СВР Скопје – Одделение за безбедност на патниот сообраќај се преземени мерки.

Возачот е пронајден и денеска (18.09.2026) е повикан, при што на сторителот му е сочинет записник за констатиран прекршок од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, кој од негова страна е платен.


