Утрински Весник
Македонија

Ивановски: Пругата Бељаковце – Крива Паланка се гради со силна динамика

Image 2026 09 18 162026579.png

„Бележиме засилени градежни активности на изградбата на пругата кон Бугарија, делница од Бељаковце кон Крива Паланка. Оваа делница е во должина од 34км. Во моментов засилено се гради најдолгиот мост број 7, во должина од 194м, еден од трите неизградени мостови, од вкупно 29 мостови“, објави на својот фејсбук профил директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски

„Парелелно се произведуваат бетонските елементи потребни за санација на 26-те полуизградени мостови од 1990-тите. Вкупно треба да се произведат 352 бетонски елементи а до моментов се произведени 71, со динамика од 10 неделно.


Вкупен прогрес на проектот е околу 40%. Проекцијата до крајот на оваа година да се стигне до 50% реализација на проектот.

Продолжуваме со засилено темпо до конечна реализација на овој капитален инфраструктурен проект“, додаде тој.

Можете да прочитате

Казнет возачот кој со возило се движеше по пешачката патека покрај Вардар

Манасиевски: Жерновски пак го вози автомобилот на „братучедот“, а богами и непрописно паркира

Димитровски: Нашите позиции се јасни – реципроцитет во односите со Бугарија и историјата и идентитетот надвор од преговарачкиот процес