Утрински Весник
Македонија

Перпарим Бајрами тврди дека не е виновен за случајот „Државна лотарија“

20260909131959 big 730x400 60.webp.webp

Поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, изјави дека не се чувствува виновен за случајот „Државна лотарија“ на денешното судење во Основниот кривичен суд Скопје.

На судењето што почна изминатата недела сите обвинети се изјаснија дека не се чувствуваат виновни, освен Бајрами, кој на првото рочиште сѐ уште беше недостапен на органите на прогонот, и обвинетиот Башким Авди, кој изјави дека не го разбира обвинението што му се става на товар и побара да му биде доставено писмено на неговиот мајчин, албански јазик.


На денешното рочиште, обвинетиот Авди, исто така изјави дека не се чувствува виновен.

Бајрами, поранешниот вицепремиер Артан Груби, Методија Димовски, Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамадановски, Александар Димитриоски и Башким Авдиу се товарат дека ги пречекориле службените овластувања и предизвикале штета на „Државната лотарија“ во износ од 596.125.511 денари.

Откако побегна од земјата, за Бајрами беше распишана меѓународна потерница. На 9 септември сам се предаде на граничниот премин Блаце по што беше спроведен во затворот во Скопје на издржување на претходно определената мерка притвор.

Претходно, во бегство беше и поранешниот вицепремиер Груби, кој се предаде на органите на прогонот во февруари годинава по една година бегство.

Обвинението за овој случај го застапуваат јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски, а процесот го води судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски.

Можете да прочитате

„ТАВ Македонија“ го укина ограничувањето за бесплатен влез во „Hug & Fly“ на скопскиот аеродром

Ивановски: Пругата Бељаковце – Крива Паланка се гради со силна динамика

Врховниот суд објави образложение за укинување на пресудата на Апелација за Ласкарци