Утрински Весник
Економија

Македонија ги надмина целите за обновливи извори – Енергетската заедница позитивно го оцени напредокот во спроведувањето на НПЕК

Fotovolaticzi.webp.webp

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини навреме ја исполни обврската кон Енергетската заедница и го достави Извештајот за напредокот во спроведувањето на Националниот план за енергија и клима (НПЕК).

Напредокот на Македонија и исполнувањето на преземените обврски се позитивно оценети во последниот „Извештај за оценка на усвоените национални планови за енергија и клима 2025–2030 и напредокот во 2025 година кон енергетските и климатските цели во Енергетската заедница“.


Навременото известување претставува потврда дека Министерството доследно ги спроведува обврските преземени со НПЕК и континуирано работи на унапредување на националната енергетска и климатска политика.

Обновливите извори на енергија имаат централна улога во енергетската транзиција на Македонија. Учеството на чистата енергија во производството на електрична енергија бележи забрзан раст, особено преку интензивниот развој на фотонапонските и хидроенергетските капацитети.

Резултатите покажуваат дека динамиката на развој на обновливите извори веќе ги надминува поставените очекувања во однос на инсталираниот капацитет на електроцентралите од обновливи извори на енергија, над националната цел и индикативната траекторија утврдени со НПЕК.

До 2030 година, НПЕК предвидува 38% удел на енергијата од обновливи извори во бруто финалната потрошувачка на енергија, со растечки тренд во сите клучни сектори – електрична енергија, греење и ладење и транспорт.

Националните цели за обновлива енергија се усогласени со рамките на Енергетската заедница и ги исполнуваат минималните барања во сите четири категории опфатени со НПЕК.

Министерството континуирано работи на креирање и спроведување нови политики и мерки за поттикнување на инвестициите во обновливи извори, унапредување на регулаторната рамка и забрзување на процесот на декарбонизација.

Во следниот период приоритет останува намалувањето на примарната енергетска потрошувачка, развојот на обновливите извори и унапредувањето на енергетската ефикасност, паралелно со зајакнувањето на внатрешниот енергетски пазар.

Особено значајни се мерките за пазарно поврзување, активно учество на потрошувачите, сопствено производство и потрошувачка на електрична енергија, енергетски заедници, системи за складирање енергија и воведување паметни мерни системи.

Со овие активности, Министерството продолжува да го поставува енергетскиот сектор на патека кон поголема енергетска сигурност, повеќе домашно производство од обновливи извори и поефикасен и модерен енергетски систем, во согласност со националните цели и европските стандарди.

Линк до објавата на извештајот – https://www.energy-community.org/dam/jcr:98276fa9-0be0-45ed-b01c-d272e8fa4b3e/ECS_NECP_Assessment_Report.pdf

Можете да прочитате

ЛДП: 12 денари за килограм индустриско јаболко е минимумот за опстанокот на производителите

СДСМ: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ, арамијата Мицкоски ги загрозува пензиите

Левица: Неплатено грозје, заложено вино и евтини државни кредити – Владата ја чести винарската олигархија со народни пари додека лозарите ги турка во пропаст