Утрински Весник
Економија

ЛДП: 12 денари за килограм индустриско јаболко е минимумот за опстанокот на производителите

Ldp 1 1 1.jpg

Соопштение на Либерално-демократската партија:

Либерално-демократската партија (ЛДП) бара итно решение за производителите на јаболко, кои се соочуваат со исклучително тешка состојба на терен.


Во овој момент на производителите им се нуди откупна цена од само 4 денари за килограм индустриско јаболко, плус 2 денари субвенција. Тоа е далеку под производствената цена, која е околу 10 денари за килограм.

Во услови на суша, зголемени трошоци за гориво, пестициди и останати репроматеријали, ваквата цена не ја обезбедува ниту минималната економска одржливост на производството.

Затоа ЛДП бара откупната цена на индустриското јаболко да биде најмалку 12 денари за килограм. Ова не е само прашање на моменталниот приход на производителите, туку и прашање дали во иднина ќе има интерес за одгледување јаболка, особено во Ресен и околните населени места.

Земјоделецот не може постојано да испорачува под производната цена. Ако државата сака да го задржи земјоделското производство, ќе мора да обезбеди предвидливи и одржливи услови за производителите.

Во следниот период ЛДП ќе предложи и законско решение за организиран откуп на стратешки земјоделски култури во Македонија, особено на производи кои имаат потенцијал за извоз и создавање девизен прилив, меѓу кои тутунот, грозјето, оризот, пиперката и јаболкото.

ЛДП останува на страната на производителите на јаболко и ги поддржува сите нивни организирани активности за остварување на нивните права, вклучително и преку обезбедување на бесплатна правна помош.

Крајно време е земјоделците да бидат третирани како рамноправни партнери во економијата, а не како последни алки на синџирот.

Можете да прочитате

Македонија ги надмина целите за обновливи извори – Енергетската заедница позитивно го оцени напредокот во спроведувањето на НПЕК

СДСМ: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ, арамијата Мицкоски ги загрозува пензиите

Левица: Неплатено грозје, заложено вино и евтини државни кредити – Владата ја чести винарската олигархија со народни пари додека лозарите ги турка во пропаст