Утрински Весник
Македонија

Дојде со „Порше“, фрли кеса ѓубре во Лепенец, па и мафна на камерата

Pr.jpg

Снимка објавена на социјалните мрежи предизвика бурни реакции и револт кај граѓаните, откако жена е снимена како фрла кеса со отпад директно во коритото на реката Лепенец.

На видеото се гледа како жената со автомобил „Порше“ пристигнува во близина на брегот, излегува од возилото со кеса во рацете и наместо отпадот да го одложи на соодветно место, го фрла директно во реката.


Но, она што дополнително предизвика реакции е нејзиното однесување откако го фрла отпадот. Жената забележува дека е снимана, по што се врти кон камерата и дури мафта во знак на поздрав, пред да се врати во автомобилот и да си замине.

Според информациите споделени со снимката, случајот е забележан во близина на устието на Лепенец, непосредно пред реката да се влее во Вардар.

Видеото брзо почна да се споделува на социјалните мрежи, каде граѓаните реагираат на несовесното однесување и бараат надлежните институции да го испитаат случајот.

Особено револтира фактот што отпадот е фрлен директно во речно корито, од каде може да продолжи кон Вардар.

Случајот уште еднаш го отвора прашањето за одговорноста на поединците кон животната средина, но и за контролата и санкционирањето на несовесното фрлање отпад.

Можете да прочитате

Шекеринска: Во НАТО сме на масата, сакам да бидеме и на сите други важни маси

Јаневска за манипулациите со оценки на УГД: Секогаш ќе има поединци што го злоупотребуваат системот, важно е дека се откриени

Девојката веќе еднаш се спасила бегајќи преку прозорец – момчето и се заканувало со смрт, а минувачи повикале полиција