Утрински Весник
Македонија

Штерјова: ОЈО да отвори истрага, има ли одлука на Собранието на Лотарија за лотото на Мицкоски од 5,5 милиони евра 

Keti shterjova 3.jpeg

Прес-конференција на СДСМ, Кети Штерјова

Откако арамијата Мицкоски излажа дека се потрошени „нула денари” за прославата на незавиноста и јавноста дозна дека отишле 5,5 милиони евра, владата ги крие документите.


Станува збор за огромни народни пари, а власта ги крие одлуките, договорите, анексите, фактурите, исплатите, на граѓаните им крие каде ги потрошиле нивните пари.

Така функционира криминална банда, организирана криминална група:

Крие, за да не се дознаат провизиите, криминалите, матните зделки, да не се дознае дека во нивните  џебови завршија 5,5 милиони евра.

Граѓаните ја платија сметката за Мицкоски и не може да се крие.

Сега  Јавното обвинителство мора веднаш да отвори истрага, да ја обезбеди целокупната документација и да го следи текот на парите и начинот на кој се носеле одлуките.

Владата ѝ наложила на Државната лотарија да ја организира и финансира прославата. 

Ако Владата постапувала како претставник на државата во својство на акционер, каде е одлуката на Собранието на акционери?

Затоа што мора да ја има согласно закон. Тоа е клучна, појдовна точка.

Кој орган одобрил да се потрошат над 300 милиони денари, на која седница била донесена одлуката, кој гласал за неа и врз основа на кој закон.

Второ, е јавниот повик. Тој траел само пет работни дена и пристигнала само една понуда.

Повикот завршил на 8 мај, а само три дена подоцна власта веќе го најавила настапот на Дејвид Гета.

Значи обвинителството треба да утврди дали условите биле однапред приспособени и дека организаторот бил однапред избран, договорен и платен.

Обвинителството мора да утврди колку чинел настапот на Дејвид Гета, кога бил договорен, кој го договорил и кога бил исплатен.

Колку заработиле „Стардаст”, односно „Авалон”, и како биле вршени исплатите додека компанијата имала блокирана сметка.

Јавноста мора да добие одговор и каде завршиле приближно 1,75 милиони денари од продадените билети и дали за овие приходи бил платен данок.

Премногу матни зделки. Премногу сокриени информации. Премногу неодговорени прашања.

А потрошени се 5,5 милиони евра за прослава за која арамијата Мицкоски ги излажа граѓаните дека чини „нула денари”.

Да беше сè чисто и законски, немаше да се кријат документите.

Да немаше што да се сокрие, арамијата Мицкоски немаше да лаже.

Затоа бараме веднаш да постапат Јавното обвинителство, Државната комисија за спречување на корупцијата и Државниот завод за ревизија.

Народот не е ниту „талог”, ниту „идиот”.

Не можете постојано да ги лажете граѓаните, да ги трошите нивните пари и потоа да ги криете одговорите.

Доаѓа времето на вистината и правдата.

Можете да прочитате

Фатени двајца дрвокрадци во Велешко

МВР му поднесе кривична пријава на градоначалникот на Струга

Стружанец починал по пад во ископ за бунар