Утрински Весник
Скопје

Општина Аеродром: Секојдневно се грижиме за чисти и уредни јавни површини

Komunalni ekipi5.jpg

Екипите на ЈП за комунални дејности на Општина Аеродром секојдневно работат на терен и се грижат за хигиената во општината. Се косат тревниците, се чистат и уредуваат улиците и пешачките патеки, се собира отпадот, а се средуваат и дрвјата и гранките на повеќе локации.

Паралелно, продолжува расчистувањето на дивите депонии, со цел создавање почиста, поуредна и поздрава животна средина за жителите на Аеродром. Екипите континуирано работат на терен и навремено интервенираат на локациите каде што има потреба.


Во исто време, се поставуваат нови и се обновуваат постојните клупи за седење, создавајќи побезбедна, поуредна и попријатна средина за секојдневно живеење и престој, а се спроведува и реконструкција на детските и спортските игралишта, со што се создаваат подобри услови за игра, спорт и рекреација за најмладите, но и за сите граѓани.

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, апелира до граѓаните совесно да го одлагаат отпадот и да не создаваат диви депонии, нагласувајќи дека чистотата на општината е заедничка одговорност.

„Чист и уреден Аеродром е заедничка грижа и придобивка за сите нас. Општината и комуналните служби продолжуваат секојдневно да работат на терен, но за трајно и одржливо решение е неопходно и одговорно однесување од секој поединец“, посочува Митески.

За граѓаните кои имаат поголемо количество отпад од своите домови, ЈП за комунални дејности на Општина Аеродром стои на располагање за негово преземање и правилно депонирање во ЈП „Дрисла“, за минимален паричен надомест. Услугата може да се закаже на телефонскиот број 072 270 886.

Можете да прочитате

Изградба на канализациска мрежа во должина од 450 метри на ул.37 во Волково

Скејт-заедницата со акција за обнова на скејт-паркот во Карпош

ЗНАМ: Како ветувањето на Герасимовски за бесплатни оброци за сите ученици се промени во субвенциониран оброк од едвај 1.000 денари