Утрински Весник
Свет

Трамп: САД би можеле да останат во Иран и да ја задржат нафтата, како во Венецуела

Tramp 2.webp.webp

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера навести дека САД би можеле да останат во Иран и да ја „задржат нафтата“, како во случајот со договорот со Венецуела.

Трамп, за време на посетата на Ирска, повтори дека се уште очекува дека војната со Иран ќе заврши оваа година, и оти тоа можеби би било можно веднаш по меѓуизборите што се одржуваат во САД во ноември.


При обраќањето на ирското Отворено првенство во голф, Трамп додаде дека цената на горивото „драстично би паднала“ штом ќе заврши војната со Иран.

Трамп рече дека ќе склопи само „вистински договор“ и дека нема да се согласи на договор кој „не чини за ништо“, наведувајќи дека Иран „постојано повикува“ на мировни преговори.

Американскиот претседател ја изнесе и опцијата САД да останат присутни во Иран, при што повлече паралела со договорот на САД во Венецуела, кој беше најавен во август.

– На крајот ќе излеземе (од Иран), освен ако не одлучиме да останеме и да ја задржиме нафтата како во случајот со Венецуела – истакна Трамп.

Според него, приходите на САД од Венецуела „повеќекратно ја исплатија војната“. 

Можете да прочитате

Цените на европскиот гас нагло пораснаа на највисоко ниво од 2022 година

Калас: Русија сакаше да ја исплаши Европа со нападот на возот во близина на полската граница

Израелскиот министер за култура се закани дека ќе им го одземе државјанството на режисерите на филмот „НАЗА“ за Газа