Утрински Весник
Македонија

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Puls.webp.webp

Во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со вкрстено испрашување од одбраната на тимот градежни вештаци, кои го изработиле градежното вештачење на Обвинителството. 


На минатото рочиште одбраната на обвинетите упати серија прашања кон вештаците професор Горан Марковски и професорката Душица Анѓелковиќ, кои се однесуваат на урбанистичкиот статус на објектот.

Случајот го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители. 

Со распитот на тимот вештаци од Градежниот факултет при УКИМ се очекува да заврши доказната постапка на Обвинителството по што одбраната треба да почне со изведување на своите докази.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Ова е една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. 

Можете да прочитате

Еден повреден пренесен со Брза помош во пресметка пред СЦ „Јане Сандански“

Вооружено разбојништво во Чаир: Тројца одзеле пари од обложувалница

Димитриевски: Додека ЗНАМ е во Владата, правосудниот испит ќе се полага на македонски