Утрински Весник
Економија

ДДВ за дизелот ќе се намали од 18 на 10 проценти

Gorivo1.jpg

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека денеска на на владина седница денеска ќе биде донесена мерка за намалување на ДДВ за дизел горивото од 18 на 10 проценти.

-Мерки веќе имаме — намалени акцизи и за дизелот и за безоловното гориво. Во текот на денот денеска ќе имаме повторно владина седница преку видео-врска и ќе донесеме уште една мерка, а тоа е намалување на данокот на додадена вредност за дизел горивото од 18 на 10 проценти, со што очекуваме наместо да има драматично зголемување, да има намалување на цената на дизел горивото. Секако, тоа ќе има некакви импликации врз буџетот, но она што е наш интерес како Влада е да го штитиме колку можеме и умееме и знаеме стандардот на граѓаните – рече Мицкоски.


Премиерот потенцира дека земјава има најниска цена за горивата во однос на граѓаните од соседските држави.

​-Ќе се бориме, не е лесно. Имаме, видите, светски предизвици, неколку војни во нашето најблиско соседство, најголема енергетска криза којашто човештвото ја памети, но ете, жилави сме, ќе се бориме. Имаме сè уште, и ќе остане така, убедливо најниска цена за горивата. Дали е таа во суштина ниска кога плаќате 95-96 денари по литар дизел или 100 денари? Не е, но е поевтина од таа што ја плаќаат во соседството каде што е 150 денари, да речеме. Е поевтина каде што ја плаќаат во поширокото соседство 180 и така натаму. Така што, она коешто за нас е важно е да дадеме сè од себе за да го штитиме колку можеме стандардот на граѓаните – нагласи премиерот Мицкоски.

Можете да прочитате

СДСМ: Мерката за намалување ДДВ за дизелот е половична и задоцента

МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед – потврда за стабилноста и конзистентноста во економските политики

TESSA Energy ја модернизира поранешната Топлана Скопје Север: Нова инвестиција во домашното производство на електрична и топлинска енергија