Утрински Весник
Магазин

Лејди Гага го доби првото дете со свршеникот Мајкл Полански

Lejdi gaga.jpg

Американската поп-ѕвезда Лејди Гага го доби своето прво дете со свршеникот, претприемачот Мајкл Полански, објавија американските медиуми, пренесувајќи потврда од блиски извори.

Веста за раѓањето на бебето за медиумите „Пејџ сикс“ и „Пипл“ ја потврди извор близок до парот. Дополнителни детали за детето – вклучително полот, името или точниот датум на раѓање – засега не се јавно објавени.


Четириесетгодишната пејачка, чие вистинско име е Стефани Германота и која е позната по планетарниот хит „Bad Romance“, е во врска со Полански од 2020 година, а двојката се сврши во 2024 година.

Музичарката, која нејзините обожаватели со милост ја нарекуваат „Мајка чудовиште“ (Mother Monster), во последните години отворено зборуваше за својата желба да оформи семејство и да стане мајка.

Нејзината најнова светска турнеја „Mayhem Ball“ заврши во април, а нејзиниот последен албум „Mayhem“ доби повеќе номинации за наградата „Греми“, при што претходно годинава ја освои и престижната награда за „најдобар поп-вокален албум“. 

Можете да прочитате

На патиштата во ЕУ: Казни за возачи кои патуваат сами, камерите го детектираат бројот на патници

На Октоберфест, литар пиво ќе чини до 15,90 евра

Гркинка на 54 години роди девојче од ембрион замрзнат пред 22 години