Утрински Весник
Спорт

Во Велес денеска натпревари од државното првенство во кајак спуст

20260912013233 big 730x400 12.webp.webp

Во Градскиот парк во Велес денеска ќе биде во знакот на кајакот, спортскиот дух и адреналинот. Попладнево започнаа натпреварите од Државното првенство во кајак спуст. Се планира да траат до вечерва до 19 часот, а ги организира Кајакарската Федерација на Македонија со поддршка од Општина Велес.

На програмата се натпревари во кајак спуст, во пионерска и сениорска категорија, во машка и женска конкуренција, со индивидуални и тимски настапи.


Од Општина Велес, ги повикуваат граѓаните од сите генерации да дојдат денеска во Градскиот парк покрај Вардар и да ги поддржат кајакарите и заедно да уживаат во уште еден спортски викенд во Велес.

Можете да прочитате

Башкими и Вардар ремизираа во натпревар со шест голови

Александар Таневски нов селектор на Македонија до 21 година

Свечено пуштен новиот Спортско-рекреативен центар „Џексон“ во Штип