Утрински Весник
Македонија

Огнот проголта 20 дуќани во Шуто Оризари – зад себе остави само пепел

Whatsapp image 2026 09 11 at 16.53.40.jpeg

Пепел, поцрнети метални конструкции, стопени фасади и целосно уништени дуќани – ваква е сликата денеска во Шуто Оризари, по големиот пожар што рано утрово зафати трговски центар и зад себе остави огромна материјална штета.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пожарот бил пријавен на 11 септември 2026 година околу 03:20 часот во СВР Скопје. Во трговскиот центар на подрачјето на Шуто Оризари биле опожарени повеќе од 20 дуќани со текстилна и друга роба.


Објектите се сопственост на С.С., кој ги издавал под закуп.

На терен интервенирала Бригадата за противпожарна заштита – Скопје, чии екипи успеале да го изгаснат пожарот.

По повлекувањето на огнената стихија останала пустош. На местото се гледаат изгорени метални конструкции, уништени покриви и излози, стопени делови од фасадите и купишта пепел и изгорена роба.

Фотографиите направени по пожарот најдобро го покажуваат обемот на штетата. Повеќе дуќани се сериозно оштетени, а дел од нив се практично целосно уништени од пламените јазици.

За среќа, во пожарот нема повредени лица.

Причината за избувнувањето на пожарот засега не е позната. Надлежните институции преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на причините што довеле до пожарот.

Можете да прочитате

ЛДП: Со вакви политики утре нема да има кој да ги води институциите! Партиските книшки не можат да го заменат знаењето!

Почината жена со траги на насилство најдена во својот дом во Ѓорче Петров

СЕФ 2026: Праведната зелена транзиција почнува од потребите на луѓето