Утрински Весник
Македонија

Левица со предлог-закон за отстранување на бизнис мотивот за подметнување шумски пожари

Image 2026 09 11 123640448.png

Пратеничката група на Левица денес поднесе предлог-измени на Законот за шумите, со кои се предвидува 50-годишна забрана за сеча на дрвна маса, урбанизација и изградба на објекти на земјиште што било зафатено од шумски пожар.

Предлогот го соопшти пратеникот Сашко Јанчев на прес-конференција, посочувајќи дека целта е да се дестимулира намерното подметнување пожари и да се отстрани можноста опожарените површини подоцна да бидат користени за економска или градежна експлоатација.


Јанчев посочи дека шумските пожари во Македонија претставуваат сериозен и континуиран проблем и дека во изминатите пет години во пожари настрадале повеќе од 10% од шумскиот фонд.

Како една од причините за намерно палење, од Левица го наведуваат прикривањето на дрвокрадство, но предупредуваат и на можноста пожарите да се користат како средство за расчистување простор за идна урбанизација, изградба на објекти или поставување фотоволтаични централи.

Со предложеното законско решение на Левица, треба да се пресече економскиот мотив зад евентуалното намерно уништување на шумите, односно опожареното земјиште да не може со децении подоцна да се пренаменува и комерцијализира.

Оној што евентуално смета дека со пожар ќе отвори простор за профит, однапред да знае дека таквата површина нема да може да биде предмет на урбанизација или изградба е суштината на предложените измени што денес ги презентираше пратеничката група на Левица која по втор пат го поднесува овој предлог откако првиот обид беше неуспешен поради неприфаќање од страна на мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

ВРЕДИ: Случајот Ласкарци е симбол на неуспехот на судството

Пензионерите бараат линеарно зголемување на пензиите и тоа да биде законски регулирано

Пуштена во употреба реновираната зграда на Клиниката за неврофизиологија