Утрински Весник
Магазин

Во Јапонија воведуваат Итна помош за хуманоидни роботи на кои ќе им се „слоши“

20260908123811 big 730x400 28.webp.webp

Компанијата „GMO AI & Robotics Corp“ објави дека наскоро на улиците на Токио ќе има специјално опремено возило наменето за одржување на хуманоидни роботи во случај на дефект или неправилности во работењето.

Возилото, кое компанијата го нарече „GMO хуманоидна амбуланта“, е опремено со клучни делови за поправка и алатки, а во него ќе има инженер кој ќе ги елиминира дефектите.

Во мај, Јапонија почна експериментален проект во кој роботи се користат за транспорт на багажот на патниците на аеродромот Ханеда во Токио, а од минатиот месец такви услуги им обезбедуваат на клиенти на железничките станици.


Јапонската влада активно го промовира развојот на домашната вештачка интелигенција како дел од своите напори за обезбедување национална безбедност и заштита на податоците. 

Можете да прочитате

Француски научници тврдат дека создале нов облик на мраз со топлина од над 2.300 степени

Со три утрински навики до помал стрес во текот на денот

Денеска е Меѓународен ден на писменост, 739 милиони возрасни лица немаат основни вештини