Утрински Весник
Македонија

Маж снимен како фрла ѓубре во Радика, го испразнил возилото на мостот кај каменоломот во Косоврасти

Img 3812.jpeg

Дебарското  спортско риболовно друштво „Трофта“ (Пастрмка) на социјалните мрежи објави видео на кое се гледа како маж застанува со комби возило на мост на реката Радика, од возилото вади вреќи и кутии полни со ѓубре и ги фрла во реката.

„СРАМНО! Ова е реката Радика – една од најчистите и најубавите реки во Македонија. Да фрлаш ѓубре во реката не е „ништо страшно“ – тоа е срам и непочитување кон природата, рибите и нашата иднина. Радика не е место за ѓубре“, стои во објавата.


Друштвото со порака „Да го заштитиме она што природата ни го дарувала“.

Несовесниот граѓанин без ни трошка грижа на совест ги фрла вреќите со ѓубре од мостот кај каменоломот во Косоврасти и си заминува.

Можете да прочитате

Алијанса за Албанците: Резултатите од ПИСА 2025 – црвен аларм за образованието

Сулејмани во посета на шест национални установи од областа на културата

До 18 часот 24 пожари на отворен простор, од кои осум се активни