Утрински Весник
Економија

Левица: На лозарите им треба пласман и државни откупни центри – не утеха и задушување на бунтот

Grozje.jpg

Соопштение на Левица:

Кризата не падна од небо. Со години предупредуваме дека македонското лозарство се остава без стратегија, без организиран државен откуп и без сигурни пазари. Во исто време, олигархијата во винарските визби се потпира на евтино увозно грозје, а лозарите се немоќни на пазар на кој најголемите откупувачи имаат огромна преговарачка моќ.


Државен откупен центар нема, а стечајната постапка за „Повардарие” упорно се пролонгира, додека министрите се менуваат, а проблемите на лозарите остануваат исти. Наместо системско решение, секоја година добиваме нови ветувања и ново префрлање на одговорноста!

Затоа, доколку вечерва Серафимовски доаѓа пред лозарите, очекуваме да понуди конкретни и сигурни решенија, а не политички театар и задушување на оправданиот бунт.

Не ни треба сала наполнета со ЗНАМовци и ВМРОвци, туку средба со вистинските лозари и јасни одговори: кој ќе го откупи грозјето, по која цена, каде ќе се пласира и како ќе се спаси лозарството на долг рок?

Левица останува на страната на лозарите и ќе продолжи да бара конкретни, долгорочни и одржливи решенија за тиквешкото лозарство!

Можете да прочитате

Рекордна цена на бакарот – 24info.mk

Владата прави методологија струјата да не поскапи, а ако е можно – и да поевтини

Мицкоски: Енергетски независна Македонија со ветерниот парк на „Алказар енерџи“, поддршка за идни инвестиции