Утрински Весник
Македонија

Тошковски во посета на Универзитетот во Тетово и СВР Тетово: „Безбеден град” дава резултати, три жртви во сообраќајот наспроти девет минатата година

1 15.jpg

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Тетово оствари средба со ректорот и раководството на Државниот универзитет во Тетово, по што го посети и Секторот за внатрешни работи Тетово, каде со раководството разговараше за актуелната безбедносна состојба, предизвиците и резултатите од работењето.

На средбата со раководството на Универзитетот се разговараше за продлабочување на соработката со Министерството за внатрешни работи, со посебен акцент на создавање можности најдобрите студенти од студиските програми за кои Министерството има потреба, по завршувањето на образованието, своето знаење и капацитет да ги стават во функција на институциите и безбедноста на граѓаните.


При посетата на СВР Тетово беше констатирана стабилна безбедносна состојба, а како особено значајни беа издвоени резултатите во областа на сообраќајната безбедност.

Тетово е еден од градовите каде веќе се применува системот „Безбеден град”, а според податоците за првите осум месеци од годинава, на подрачјето на СВР Тетово во сообраќајни незгоди животот го загубиле три лица, наспроти девет во истиот период минатата година. Намален е и вкупниот број на сообраќајни незгоди.

„Ова се резултати што најдобро говорат за придобивките од системот. Кога зборуваме за ‘Безбеден град’, не зборуваме само за санкционирање на прекршоците, туку пред сè за менување на сообраќајните навики, побезбедни улици и спасување човечки животи”, нагласи министерот Тошковски.

Тој најави дека за неколку дена примената на системот „Безбеден град” ќе започне и на подрачјето на СВР Велес, по што постепено ќе се проширува и во останатите сектори за внатрешни работи низ државата.

Можете да прочитате

Јаневска: Изборниот предмет Сеопфатно сексуално образование го повлекуваме и ќе направиме длабока ревизија по барање на јавноста

Општините преку платформата мЗаедница добиваат алатка за транспарентни консултации, а граѓаните можност директно да влијаат врз локалните политики

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма