Утрински Весник
Македонија

Кичевец управувал возило за време на активна забрана, предизвикал сообраќајна незгода и одбил да му биде извршен алкотест

Kicevec upravuval vozilo za vreme na aktivna zabrana predizvikal soobrakjajna nezgoda i odbil da mu bide izvrsen alkotest image.jpg

На 09.09.2026 во 03:10 часот на магистрален пат Охрид – Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Д.С.(32) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Тој, со возилото „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, на кружен тек на ул.„Борис Кидрич“ удрил во бетонски рабник и излетал од патот. При преземање мерки во врска со незгодата било констатирано дека го управувал возилото за време на активна забрана за управување со моторно возило од Б категорија. 

Тој одбил да му биде извршен алкотест, а по наредба на јавен обвинител возилото е одземено. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Тошковски во посета на Универзитетот во Тетово и СВР Тетово: „Безбеден град” дава резултати, три жртви во сообраќајот наспроти девет минатата година

Уапсен штипјанец кај кого биле најдени оружје и дрога

Познато е кога ќе почне зимското сметање на времето