Утрински Весник
Македонија

Костадин Костадинов доби син на Денот на Независноста

Gradonacalnikkostadiniv.jpg

Поранешниот градоначалник на Општина Струмица, Костадин Костадинов, доби син. Радоста ја сподели на социјалните мрежи каде напиша:

– Добредојде на свет, наш Никола!

Бог сакал да бидеш роден на овој прекрасен ден и засекогаш да си го славиш роденденот заедно со твојата Македонија.

​Да си ни жив, здрав, среќен и од Бога благословен, сине!

​Честит 8 Септември, Ден на независноста, Честит празник Македонијо!

​Огромна благодарност до целиот тим на поликлиника Мартини, предводен од д-р Никола Маџунков, за нивната професионалност, грижа и посветеност во овие за мене и Снежана најважни моменти, напиша Костадинов.

Во својата политичка кариера, Костадинов освен градоначалник на Струмица, беше и пратеник во македонското Собрание и портарол на тогаш владејчката СДСМ.

Можете да прочитате

Не се гласаше само во Македонија: Како дијаспората учествуваше во историскиот референдум во 1991 година

Не знаевме дали брат ми ќе се врати – Марковска за драматичните денови од осамостојувањето

Марковска: Македонија се создаваше во бурни и магливи времиња