Утрински Весник
Македонија

13-годишници повредени во судир со мотоцикли

Motociklist.jpg

На 07.09.2026 околу 13:40 часот во СВР Струмица е пријавено дека во с.Мокриево, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од 13-годишен малолетник од с.Мокрино, струмичко, без возачка дозвола и мотоцикл со струмички регистарски ознаки, управуван од 13-годишен малолетник од с.Мокриево, без возачка дозвола.

Во несреќата малолентикот од с.Мокрино се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобил другиот малолетник, констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

Можете да прочитате

Костадин Костадинов доби син на Денот на Независноста

Кога милионите пристигнуваат во спам – а вистинската цел е вашиот паричник

Тетовец две години ја уценувал поранешната партнерка со експлицитни снимки