Утрински Весник
Македонија

Пијан маж од Кавадарци правел хаос во својот дом

Lisici.jpeg

На 07.09.2026 во 01:10 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода В.Г.(37), постапувајќи по претходна пријава дека во домот во Кавадарци агресивно се однесувал, фрлал предмети кон неговата 31-годишна сопруга и им се заканувал на неа и на нивната малолетна ќерка.

По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека В.Г. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,97 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Петровска: Граѓаните заминуваат, власта не прави исчекор кон ЕУ

Петровска: Доставивме барања за реформи во СДСМ, а за помалку од еден час добивме циничен одговор

Петровска: Останувам во СДСМ и продолжувам да барам промени на раководството