
Во непосредна близина на спортскиот аеродром Стенковец попладнево изби нов пожар, каде што гори дива депонија. Од огнот се шири голем црн чад, кој се движи во правец на Скопје.
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, информира дека скопските пожарникари веќе се на терен и интервенираат на пожарот.
„Откако ќе ја ставиме под контрола надворешната линија за да го спречиме ширењето, фокусот ќе биде на самиот куп ѓубре. При гаснењето ќе се создава уште поголема пареа и црн чад, па скопјани за жал и во следниот период ќе чувствуваат силен мирис“, изјави Ангелов.



