Утрински Весник
Македонија

Голем пожар кај Милетино, во Скопје се чувствува чадот од огнот кај Чучер Сандево

Image 2026 09 06 181323543.png

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов информира дека голем пожар избувна кај Милетино, во Општина Брвеница, и се заканува да се прошири кон селото. За гаснење на пожарот се ангажирани „ер тракторите“, а на терен се и тетовските пожарникари.

„Пожарот е комплексен и тежок за гаснење. Со сите сили ќе ги заштитиме населените места“, порача Ангелов.

Тешка останува состојбата и со пожарот кај Рамно, во Општина Чучер Сандево, кој веќе два дена се прави обид да биде ставен под контрола. Силниот ветер дополнително ја влошил ситуацијата.

Ангелов информира дека чадот и мирисот што се чувствуваат во делови од Скопје доаѓаат од пожарот кај Рамно и, според прогнозата на УХМР за ветер, ќе продолжат да се чувствуваат и во следните неколку часа.

На пожарот се дејствува со хеликоптер на полицијата и со скопските пожарникари, а ангажирани се и 30 припадници на Армијата кои помагаат огнот да не го премине патот.

„На сите позиции има луѓе. Пожарот е на стрмен терен, во длабок дол. Ќе биде проблем денес да се стави под контрола“, рече Ангелов.

Тој нагласи дека гаснењето ќе се одвива внимателно бидејќи во доловите има голема концентрација на чад, што не дозволува безбедна работа на екипите.

Ангелов апелираше до граѓаните да бидат исклучително внимателни.

„Доволно е само една искра за вистинска катастрофа“, предупреди тој.

Можете да прочитате

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни

Осма жртва од западнонилска треска