Утрински Весник
Македонија

Од Македонија до Лос Анџелес: „Приказната за Силјан“ со две номинации за Emmy Awards

Image 2026 09 06 175135793.png

Од малата Македонија до Лос Анџелес, патот на документарниот филм „Приказната за Силјан“ одамна ги надмина границите на една филмска продукција.

Оваа година „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, беше единствениот филм од неамериканска продукција меѓу номинираните во своите категории, и тоа со две номинации за Emmy Awards, Exceptional Merit in Documentary Filmmaking и Outstanding Cinematography for a Nonfiction Program.

Во двете категории „Приказната за Силјан“ се најде во директна конкуренција со американски продукции. Особено силна беше номинацијата за Exceptional Merit in Documentary Filmmaking, каде „Силјан“ беше еден од само два номинирани филма, додека во категоријата Outstanding Cinematography for a Nonfiction Program се најде меѓу петте избрани остварувања. Наградите во двете категории им припаднаа на американски продукции.

Овој успех има уште поголема тежина затоа што доаѓа од мала земја и мала филмска индустрија, која не располага со буџетите и продукциските услови на најголемите светски кинематографии. Токму затоа фактот што еден македонски филм стигна до две номинации за Еми е силно признание за македонската кинематографија.

Од македонските села и пејзажи, преку светските фестивали и National Geographic, до црвениот тепих во Лос Анџелес, „Приказната за Силјан“ покажа дека една локална приказна може да стигне до светска публика.

„Тоа што ќе го донесеме дома од Еми наградите е едно незаборавно искуство од еден од најголемите светски настани по Оскарите, меѓународно признание, нова видливост за македонскиот филм и доказ дека границите на една мала земја не мора да бидат и граници на нејзините приказни“, изјави Тамара Котевска.

Можете да прочитате

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни

Осма жртва од западнонилска треска