Утрински Весник
Македонија

И утрово гужви на ГП Богородица

Whatsapp image 2025 12 31 at 09.51.46.jpeg

АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Богородица, времето на чекање за излез од Македонија е околу 45 минути. На останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона.

Можете да прочитате

Притвор за возачот на Јанушев, барал мито од 1500 евра „да среди“ вработување

Косел со тример и предизвикал пожар, полицијата уапсиммаж од Македонски Брод

СДСМ: Мицкоски се обидува да воведе диктатура