Утрински Весник
Балкан

Пожар од големи размери кај Химара, евакуирани локални жители и туристи

Image 2026 09 05 114418420.png

Пожарот кој изби синоќа над приморскиот град Химара, на југот на Албанија, доби загрижувачки размери поради ветерот.

Пламените јазици целосно пеплосaа шест куќи, неколку се опожарени, а поради опасноста беа евакуирани локални жители и туристи, се до целосно стабилизирање на состојбата.

Интервенираа противпожарни единици од повеќе градови, 170 припадници на армијата а беа стационирани и амбулантни возила во случај на потреба. Во гаснењето од утрово се вклучени и два армиски хеликоптера.

На терен беа и министрите за одбрана и внатрешни работи, Ермал Нуфи и Бесфорт Ламалари, како и директорот на полицијата Скендер Хита.

Според последните информации спречено е понатамошно ширење на пожарот.

Тешка ноќта беше и во округот Фиер каде пламените јазици, фаворизирани од силните ветрови и високите температури, брзо се проширија од Вадиза кон Леван и понатаму кон областа Мало Пештани (Пештан и Вогел).

Во овие области се уништени маслинови насади, борови шуми, опожарени и неколку домови, работилница и магацин  за пчелни кошници и деловен објект. 

Можете да прочитате

Во Црна Гора откриен нелегален магацин со 13,5 тони тутун

Во Загреб ќе се одржи голем протест поради нелегално исфрлени околу 33.000 тони опасен отпад

Вучиќ: Ќе распишам избори за неколку дена, подготвен сум да бидам премиер