Утрински Весник
Балкан

Телото на Ратко Младиќ префрлено во Военомедицинската академија, погребот во понеделник

14259853 413x620.jpg

Ратко Младиќ, чие тело беше донесено вчера во Белград , ќе биде погребан во понеделник на гробиштата Топчидер, објавија белградските медиуми.

Комеморацијата ќе се одржи утре во Домот на Армијата во Белград.

Се очекува семејството на Ратко Младиќ да се обрати на медиумите денес во 12 часот.

Телото на Ратко Младиќ е транспортирано од аеродромот до Военомедицинската академија, каде што ќе биде извршена обдукција.

Во авионот што го транспортираше телото на Младиќ од Хаг беа неговиот син Дарко Младиќ, внуката Анастасија, министерот за правда Ненад Вујиќ и двајца воени другари на Младиќ.

Ратко Младиќ, поранешен командант на Војската на Република Српска,  почина на 27 август  додека беше во притвор во Меѓународниот резидуален механизам за кривични трибунали во Хаг, каде што отслужуваше доживотна казна затвор.

Пред неговата смрт, тој претрпел неколку мозочни удари, а семејството и адвокатите на Младиќ постојано барале Механизмот да му дозволи лекување во Србија, но овие барања биле одбиени.

Можете да прочитате

Турски медиуми: Директорот на турското разузнавање се сретнал со директорот на грчкото разузнавање

Ердоган ја предупреди Грција: Откажете се од погрешниот пат и престанете да ги вооружувате островите

Ескалира 94. протест во Тирана, судири со полицијата, Рама го напушти кабинетот под силно обезбедување