Утрински Весник
Балкан

Турски медиуми: Директорот на турското разузнавање се сретнал со директорот на грчкото разузнавање

20260903192914 big 730x400 73.webp.webp

Директорот на турското разузнавање (МИТ), Ибрахим Калин, се сретнал со директорот на грчкото разузнавање, Темистоклис Демирис, во Грција, пренесе турската државна телевизија „ТРТ Хабер“.

Двајцата разговарале за билатералните односи, регионалните проблеми и чекорите што можат да се преземат за нивно решавање.

Меѓу темите што двајцата ги издвоиле како исклучително важни се безбедноста во регионот на Егејското Море, Медитеранот, НАТО, соработката во рамките на разузнавањето, борбата против тероризмот, организираниот криминал и илегалната миграција.

Ибрахим Калин и Темистоклис Демирис исто така разговарале за војната меѓу САД и Иран, новата власт со Сирија, политичкото единство во Либија, палестинското прашање, ситуацијата во Газа и Западниот Брег, како и за нападите на Израел врз Сирија и Либан.

Двете страни се согласиле дека напредокот во борбата против тероризмот и организираниот криминал треба да се издигне на стратешко ниво.

Директорите на турското и грчкото разузнавање се договориле и за зајакнување на блиската соработка меѓу службите во однос на билатералните и регионалните прашања.

Можете да прочитате

Хрватска до своите граѓани: Не патувајте во Србија пред изборите

И во Грција протести поради лошите услови во училиштата и факултетите

Бугарија ја исклучи можноста за учество во новата финансиска помош на ЕУ за Украина