Утрински Весник
Скопје

Ѓорѓиевски: Покрај новите камиони, пристигнуваат и повеќе од 3.300 нови контејнери

Image 2026 09 03 184713909.png

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето во емисијата „Колегиум” на телевизија Алфа најави дека, покрај новите камиони за ЈП „Комунална хигиена”, Скопје наскоро ќе добие и повеќе од 3.300 нови контејнери.

Тој информираше дека жалбената постапка за набавката е во завршна фаза, по што ќе следува испораката и поставувањето на новите контејнери низ градот.

Според Ѓорѓиевски, обновувањето на возниот парк и набавката на новите контејнери се двата клучни столба со кои конечно ќе се стави крај на долгогодишниот проблем со сметот во Скопје.

„Со новата механизација и со повеќе од 3.300 нови контејнери создаваме функционален и одржлив систем за одржување на комуналната хигиена. Скопје мора и ќе биде чист град”, порача Ѓорѓиевски.

Можете да прочитате

Николоски: Градскиот воз стана нов, побрз и поекономичен јавен превоз за Скопје

„Карпош станa сцена“: 20.000 посети на „Карпошово културно лето 2026“

Пет вечери храна и македонска музика: Започнува AERO Street Food Festival