Утрински Весник
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР НАД СКОПЈЕ: Гори кај Грачани, густ чад се гледа низ целата котлина

D376d345 bfcc 46e2 a939 9f89089c26a0.jpeg

Голем пожар на отворено попладнево избувна во атарот на скопското село Грачани, во Општина Ѓорче Петров, во непосредна близина на македонско-косовската граница.

Поради интензитетот на огнот, густ бел чад се издига над планинскиот предел и е видлив од повеќе делови на скопската котлина.

На снимките се гледа како голема количина чад се издига од пограничниот предел и се шири кон пошироката околина.

Според првичните информации, огнот зафатил сува трева и нискостеблеста шума, а станува збор за тешко пристапен терен, што дополнително ја отежнува интервенцијата на противпожарните екипи.

Ветерот го разнесува чадот кон пониските делови, а миризба на изгорено веќе се чувствува во делови од Скопје.

Надлежните служби ги засилуваат активностите на терен со цел пожарот да биде ставен под контрола и да се спречи негово понатамошно ширење кон околните шуми и пограничниот појас.

Можете да прочитате

Филипче: Глигоров има историски заслуги за независноста по мирен пат

Мистериозна смрт во Битола: Пред да биде пронајден мртов, камера снимила како човек го влече струмичанецот по Широк Сокак

АХВ: Потврдени три позитивни случаи на вирусот на Западнонилска треска кај угинати гаврани