Утрински Весник
Свет

Холандската централна банка го преместува златото од САД и Канада во Лондон поради геополитички немири

Zlato.webp.webp

Холандската централна банка (ДНБ) соопшти дека преместила 86 тони од своите златни резерви од САД и Канада во Лондон, наведувајќи ги како причина „растечките геополитички немири“.

ДНБ објави дека златните резерви што се чуваат во Лондон можат полесно да се тргуваат од оние што се чуваат во Њујорк и Отава, објави Гардијан.

Претседателот на ДНБ, Олаф Слејпен, рече дека тоа и овозможува на Банката да дејствува најбрзо во кризна ситуација.

„Со овој чекор, ја подобривме можноста за користење на златните резерви. Претпоставуваме дека никогаш нема да треба да користиме злато, но сепак е потребно да се зајакне нашата отпорност и подготвеност“, рече тој.

Вкупните холандски златни резерви изнесуваа 612,4 тони и беа проценети на 72,2 милијарди евра (83,7 милијарди долари) на крајот на 2025 година, соопшти ДНБ.

Пред распоредувањето, холандската банка држеше 31,3 проценти од своето злато во Њујорк и 19,7 проценти во Отава.

Уделот на златото што се чува во Лондон се зголеми од 18,1 на 32,1 проценти, а Банката се уште држи 30,8 проценти од своето злато во Холандија. 

Можете да прочитате

Владата на Мелони го собори рекордот за најдолговечна италијанска влада по Втората светска војна

Русија соопшти дека погодила два брода во Црното Море кои превезувале оружје за Украина

Путин: Русија има доволно војници и нема потреба од нова мобилизација