Утрински Весник
Македонија

За неколку часа казнети 189 пешаци

Zasileni kontroli za prekrsoci storeni od pesaci konstatirani 189 prekrsoci image.jpg

На 02.09.2026 година, во периодот од 10:00 до 15:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола насочена кон прекршоци сторени од пешаци.

При спроведената контрола, констатирани се вкупно 189 прекршоци. Најголем број прекршоци се констатирани на подрачјето на СВР Штип – 57, СВР Битола и СВР Струмица по 32 и СВР Тетово со 27 прекршоци. Од вкупниот број констатирани прекршоци, 159 се однесуваат на небезбедно преминување на улица, односно преминување надвор од обележан пешачки премин или на место кое не е предвидено за преминување на пешаци. За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

Во текот на контролата констатирани се и 134 прекршоци од друг вид. Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на засилени сообраќајни контроли со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Апелираме до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, улиците да ги преминуваат исклучиво на обележани пешачки премини или на други места предвидени за безбедно преминување и со своето однесување да придонесат за поголема безбедност во сообраќајот.

Можете да прочитате

Клековски: Решен е проблемот за пациентите со хемофилија – обезбедени над милион единици фактор 8

67 годишна жена тешко повредена откако паднала во автобус на ЈСП

Тиквеш“ со нови меѓународни награди: Најдобар производител и најдобри вина во Германија и голем златен медал и специјална награда во Франција