Утрински Весник
Скопје

Четвртоодделенците во Аеродром и годинава добиваат таблети

3a.jpg

Општина Аеродром веќе петта година го реализира проектот „Таблет за секое дете“, со кој на учениците им обезбедува современи дигитални уреди за потребите на наставата и на образовниот процес.

За таа цел, денеска градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, и министерката за образование и наука, Весна Јаневска, во ООУ „Љубен Лапе“ им поделија таблети на учениците од четврто одделение.

Во рамките на годинешниот проект, Општина Аеродром обезбеди 830 таблети, со што продолжи континуирано да вложува во дигитализацијата и унапредувањето на условите за образование во општинските основни училишта.

„Современото образование бара примена на нови технологии и создавање услови за поквалитетна и интерактивна настава приспособена кон потребите на учениците. Токму затоа, покрај таблетите, обезбедивме и 7.500 бесплатни училишни униформи за сите ученици, а во соработка со Министерствотоза образование и наука, и бесплатни учебници“, истакна градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески.

Паралелно со овие мерки, училиштата на територијата на Општина Аеродром континуирано се опремуваат со современа технологија и опрема, со цел да се создадат подобри услови за реализација на наставата и за стекнување знаења и вештини потребни за современото општество.

Со континуирани вложувања во образованието, Општина Аеродром гради современи и инклузивни училишта и создава услови за образование што ги следи потребите на новите генерации.

Можете да прочитате

Герасимовски: Утре јавна презентација на Нацрт ДУП за Барутана, граѓаните да се вклучат со свои предлози

Мицкоски: Условите на делницата Зелениково – Скопје се европски, продолжуваме со проектите за кои ја добивме довербата од народот

Во сабота авионска дезинсекција против ларви од комарци во Скопје