Утрински Весник
Македонија

Јавен повик за пријавување на Втората национална младинска летна школа

Mladi.webp.webp

Министерството за социјална политика, демографија и млади, во соработка со Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) и Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО) објавува повик за пријавување на второто издание на Национална младинска летна школа.

Повикот е наменет за млади од Северна Македонија кои се на возраст од 15 до 29 години. Националната младинска летна школа ќе се одржи од 14.09.2026 до 18.09.2026 година во Дојран.

Приближно 60 млади луѓе ќе имаат можност да се вклучат во младинската летна школа која што претставува платформа за зајакнување на младите како агенти за промени, кои преку интерактивни методи на работа ќе имаат можност да се запознаат и дружат со врсници од целата земја и да се стекнат со нови вештини поврзани со личен развој, интерперсонални односи и тимска работа.

Летната школа ќе се заснова на пристапот „Спорт за развој”, користејќи го спортот како педагошка алатка за промовирање на младинската едукација, вештини вработување и личен развој на учесниците. Работни јазици на летната школа се македонскиот и албанскиот. Превозот, сместувањето и оброците за учесници се целосно покриени од организаторите.

Оваа активност е во согласност со Националната стратегија за млади 2023-2027, односно како дел од планираните активности на МСПДМ за 2026 година.

Министерството за социјална политика, демографија и млади ги охрабрува сите заинтересирани млади луѓе на возраст од 15 – 29 години да се пријават за учество на летната младинска школа.

Линк до пријавата и повеќе информации: https://www.mtsp.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/javni-oglasi/javen-povik-za-prijavuvanje-na-vtorata-nacionalna-mladinska-letna-skola

Можете да прочитате

ВЛЕН: Ахмети им ја должи вистината на Албанците

Пожар од косовска страна е влезен кај селото Грачани, мирисот се чувствува и во Скопје

Јаневска: Училиштата да ги следат протоколите за постапување кога температурите се превисоки