Утрински Весник
Свет

Јапонската премиерка најави забрзано воведување на вештачката интелигенција и дронови во одбраната

20260220122006 big 730x400 50.webp.webp

Јапонската премиерка, Санае Такаичи, изјави дека Токио сака да го забрза воведувањето на вештачката интелигенција и беспилотните средства во одбраната, пред планираното преиспитување на клучните документи за националната безбедност.

„Јасно е дека треба уште побрзо да ги воведуваме технологиите што се развиваат со сосема поинакво темпо од традиционалната воена техника, како вештачката интелигенција и беспилотните средства“, изјави Такаичи пред високи претставници на одбранбените сили.

Таа посочи дека ревидираните стратешки документи ќе дадат нова насока за зајакнување на националните одбранбени способности, во услови на се покомплексна безбедносна средина и забрзано воведување системи базирани на вештачка интелигенција и масовна употреба на дронови.

Трите клучни документи за националната безбедност и одбраната последен пат беа ажурирани во 2022 година и првично беа планирани да важат во следните десет години. Такаичи одлучи ревизијата да се спроведе порано, поради промените во безбедносната средина, вклучително и предизвиците поврзани со Кина и Северна Кореја.

Можете да прочитате

Калас: Обидот за напад со дрон во Германија има карактеристики на државно спонзориран тероризам

Двајца повредени при експлозија во близина на железничка станица во Аугсбург

Унгарија повторно ја блокираше Украина: Нема договор за отворање на кластерите 2 и 3