Утрински Весник
Македонија

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Puls.webp.webp

Во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Со изведувањето на градежното вештачење, изработено од тим од Градежниот факултет при УКИМ, и распит на вештите лица што го изработиле, како што е најавено, треба да заврши изведувањето докази од Обвинителството по што одбраната треба да почне со изведување докази. 

На претходното рочиште, вештакот и професор Горан Марковски, одговарајќи на прашања на обвинетите, рче дека пренамената, реорганизацијата на просторот, промените на електричната, водоводната и на канализациската инсталација и вградувањето несоодветни материјали непосредно влијаеле врз исполнување на основните барања за безбедност на дискотеката „Пулс“.

Професорот посочи дека во согласност со Законот за градењето, надлежните органи морале да реагираат на незаконските зафати, но, таква реакција изостанала сè до 16 и 18 март 2025 година кога првпат биле изготвени записници од инспекциски надзор за веќе опожарениот објект.

Случајот го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Можете да прочитате

Јавен повик за пријавување на Втората национална младинска летна школа

4 милиони евра поделиле општините за поддршка и дотации на граѓаните во изборната 2025

Цветин му подари Виолински клуч на Карерас со порака „Музиката и уметноста ќе го спасат светот“