Утрински Весник
Македонија

Нова кривична пријава против екс градоначалникот на општина Дебрца

Krivicna prijava protiv poranesen gradonacalnik na debrca za nesovesno rabotenje vo sluzbata image.jpg

СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(60) од селото Волино, општина Дебрца и И.М.(43) од селото Мешеишта, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата”. Во текот на 2024 година, првопријавениот во својство на градоначалник на општина Дебрца, со пропуштање на должен надзор, како и со несовесно постапување во вршењето на своите овластувања и должности, потпишал одобренија за изградба на фото напонски панели на правно лице од Скопје.

Тоа го направил иако знаел дека правното лице не ја поседувало целокупната потребна документација издадена од надлежен орган. Одобренијата биле изготвени од второпријавеното лице кое било раководител на Одделение за урбанизам и јавни дејности во општина Дебрца.

Можете да прочитате

Мицкоски: Свои на своето, со корен во минатото и со верба во иднината

Нападнале и ограбиле маж и се обиделе да го принудат да земе брз кредит, приведени две лица од Куманово

Цветаноски: Ниту еден месец не издржа студентскиот „Стив Наумов”- влага по реконструкцијата од 10 милиони