Утрински Весник
Македонија

Келковски: Апел до родителите, навремено вакцинирајте ги децата против морбили

Pres mz 1.9.2026.jpg

Епидемиолошката состојба со западнонилската треска се смирува, а преземените мерки и засилената координација меѓу Министерството за здравство, здравствените институции и општините даваат резултат, информираше денеска на прес-конференција министерот за здравство, Сашо Клековски.

– Во земјава досега се потврдени вкупно 53 случаи на западнонилска треска. Податоците покажуваат дека просечното времетраење на болничкото лекување изнесува 14 дена, додека најкраткиот период до испис бил осум дена. Институциите континуирано ја следат состојбата, а координираното постапување на централно и на локално ниво придонесува за нејзино стабилизирање, истакна Клековски.

Директорот на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, д-р Фадил Цана, информираше дека во моментот пет пациенти се лекуваат на одделот за интензивна нега. Тројца од нив се екстубирани и нивната здравствена состојба е подобрена. Досега 28 пациенти се излекувани и отпуштени од болничко лекување.

Министерот Клековски истовремено упати апел до родителите навремено да ја почитуваат вакцинацијата на децата против морбили, имајќи предвид дека опфатот со вакцинација изнесува околу 62 процента.

– Нашата цел е навремено да спречиме можна епидемија на морбили. Вакцините се најсигурната заштита од ова заразно заболување и затоа апелирам родителите да не ја одложуваат имунизацијата на своите деца, порача Клековски.

Потребата од зголемување на вакциналниот опфат е дополнително нагласена поради регистрираните случаи на морбили во соседните земји. Здравствените власти продолжуваат со внимателно следење на состојбата, координација со сите надлежни институции и навремено информирање на јавноста

Можете да прочитате

Пијан тетовец ги нападнал сопругата и ќерката, полицијата го уапси

„17″ на Косара Митиќ е македонскиот кандидат за Оскар

Нова кривична пријава против екс градоначалникот на општина Дебрца